Историја

2013

Со почетоци во 2013 година нашата цел беше да се издвоиме од останатите конкуренти на пазарот. Започнавме со мал продажен простор каде што беше и производствениот погон и сето тоа беше раководено само од четворица. Започнавме со десетици производи и благодарение на Вашата доверба и долгогодишна соработка стигнавме до трицифрен број на производи. Со Ваша поддршка ја продолжуваме традицијата на долгогодишен квалитет и ќе се обидеме да ги исполниме сите Ваши барања како и досега.

Зошто Дизниленд Трејд?

Затоа што ветуваме проверен и докажан врвен квалитет

Пристапни цени.
Навремена, брза и сигурна достава на посакуваната локација.
Врвна услуга која ги исполнува Вашите желби и барања.

Нашата приказна

Слаткарницата Дизниленд Трејд е основана како фамилијарен бизнис.

Станува збор за четири различни карактери со различни искуства, страст кон тимска работа и една цел – да се надоградуваме и подобруваме секојдневно.

Одлучивме дека се она што го научивме во досегашната кариера да го искористиме, споделиме и пренесеме понатаму.

Низ цел свет собиравме автентични рецепти и знаење.

Сега го имаме местото за кое што отсекогаш сонувавме – највкусни торти и колачи, најквалитетно кафе и различни вкусови на сладолед во кои што секој може да ужива.

Тоа е слаткарница Дизниленд Трејд.

Соработувајте со Дизниленд Трејд

Секогаш сме заинтересирани за соработка со млади претприемачи кои што се стремат да го негуваат овој занает и сакаат да ги надоградат своите вештини.

  • Унапредете ја Вашата кариера соработувајќи со нас.
  • Станете овластен дистрибутер на нашите производи во Вашиот град.
  • Станете дел од нашиот тим, секогаш бараме позитивни, харизматични тимски играчи.
  • Доколку себе си се гледате како дел од Дизниленд Трејд, контактирајте не во секое време.